Прв македонски црковно-народен собор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Првиот македонски црковно-народен собор се одржал во Скопје на 4 и 5 март 1945 година. На овој Собор зеле учество повеќе од 300 делегати - свештеници и мирјани. Откако бил прочитан реферат за улогата на Охридската архиепископија во историјата на македонскиот народ и биле ислушани дискусиите на бројни дискутанти, Соборот донел едногласна резолуција за идната црковна положба во слободниот дел на Македонија.
- Да се обнови Охридската архиепископија како Македонска православна црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква.
- Македонската православна црква да има македонски епископи и македонско свештенство, за да се запази посебноста на македонскиот народ и тој да биде поблизок до својата родна црква.
- Првиот македонски архијереј да ја носи титулата Охридски архиепископ, а Православната македонска црква да се нарекува Свети Климентова Охридска архиепископија.
Кратки факти Прв црковен собор, Дата ...
Прв црковен собор | |
---|---|
Дата | 4 и 5 март 1945 |
Прифатен од | МПЦ-ОА |
Претходен собор | нема |
Следен собор | Втор македонски црковно-народен собор |
Присуство | 300 делегати |
Тема на дискусија | Обновување на Охридска архиепископија |
Документи и извештаи | Резолуција |
Затвори
Соборот се одржал во Офицерскиот дом во Скопје.