Премиер на Народна Република Кина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Премиер на Државниот совет или само Премиер (кинески: 国务院总理, пинјин: guówùyuàn zŏnglĭ, мак. „Гуовујуен цунгли“) — државник кој стои на чело на Државниот совет („Централната народна влада“ по 1954), и е шеф на владата на Народна Република Кина. Сè до 1954 функцијата првично се нарекувала Премиер на Владиниот управен совет (трад. 政務院總理). Премиерот добива формално одобрение од Националното народно собрание по номинација од претседателот. Во практика и премиерот и претседателот се избираат со однапред решени божемни избори кои се одржуваат еднаш на пет години. Премиерот членува во моќниот Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина за да го означи важниот статус на ова тело.
Кратки факти Назначувач, Мандат ...
Премиер на Државниот совет на Народна Република Кина | |
---|---|
Функционер Ли Ќанг | |
Назначувач | Национално народно собрание |
Мандат | пет години, повторливо последователно еднаш |
Прв функционер | Џоу Енлај |
Создадена | 1 октомври 1949 |
Мреж. место | Државен совет (англиски) |
Затвори