Претседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание
From Wikipedia, the free encyclopedia
Претседателот на Постојан комитет на Националното народно собрание (кин. 全国人民代表大会常务委员会委员长, пинјин: Quánguó Rénmín Dàibiǎo Dàhuì Chángwù Wěiyuánhuì Wěiyuánzhǎng, мак. тр. „Чиенгуо женмин дајбиао дахуј начгцу вејјуенхуј вејјуенџанг“) епретседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание на Народна Република Кина, врховниот законодавен орган во државата. Таа функција моментално ја врши Џанг Деѓанг.
Кратки факти Назначувач, Мандат ...
Претседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание на НР Кина | |
---|---|
Назначувач | Гласање на Постојаниот комитет на Националното народно собрание |
Мандат | 5 години, повторливо еднаш едно подруго |
Прв функционер | Лиу Шаоче |
Создадена | 27 септември 1954 |
Затвори
Функцијата е втора по важност во кинеската политичка хиерархија, по онаа на Генералниот секретар и Претседателот, но поважна од онаа на Премиерот. Рангирањето е во согласност со квалификациите на функционерот, но не подразбира подеднаква фактичката власт, која варира зависно од самиот функционер.