Раствор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Раствор е хомоген молекуларно-дисперзен систем, односно хомогена смеса во која големините на честичките се од редот на големината на градбените единки, најчесто од 0,1 до 10 nm. Во растворот разликуваме растворувач (обично се бележи со А) и растворена супстанца (обично се бележи со B). За растворувач се смета супстанцата застапена во најголемо количество во растворот, под услов кога е чиста да биде во иста агрегатна состојба како и добиениот раствор.
Кога се чисти, растворувачот и растворената супстанца може да бидат во една од трите агрегатни состојби (цврста, течна и гасовита), а исто така и растворот. Значи, во однос на агрегатната состојба на растворувачот и растворената супстанца можни се девет различни видови на раствори.
Најчесто се среќаваат течните раствори, а од нив најголемо значење имаат водните раствори - оние во кои растворувач е водата. Водните раствори имаат значење како во хемиските лаборатории, така и во живите организми. Живите клетки се составени главно од вода.
Растворувач | Растворена супстанца | Раствор | Пример |
---|---|---|---|
Гас | Гас | Гасовит | Воздух |
Течност | Гас | Течен | Сода-вода |
Цврст | Гас | Цврст | Водород во платина |
Течност | Течност | Течен | Етанол во вода |
Течност | Цврста | Течен | Шеќер во вода, морска вода |
Цврст | Цврста | Цврст | Легури |
Гас | Течност | Течност | Пареи од парфем во воздух |
Гас | Цврста | Цврст | Пареи од нафтален во воздух |
Цврст | Течна | Цврст | Забарски амалгам |