Роналдо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Роналдо Луис Назарио да Лима (18 септември 1976 ) попознат како Роналдо — пензиониран бразилски фудбалер. Со прекрар „Феноменот“, експертите и навивачите го сметаат за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Во 2011 година, тој бiл избран за „Играч на децнијата“ на шпанската верзија на мрежната страница Goal.com со 29,55% од сите гласови. Тој ја освоил првата Златна топка како европски фудбалер на годината во 1997 година, а потоа и во 2002 година. Роналдо е еден од тројцата кои трипати ја освоиле наградата за фудбалер на годината од ФИФА, заедно со Зинедин Зидан и Лионел Меси.
Роналдо | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лични податоци | |||||||||||||||
Полно име | Роналдо Луис Назарио да Лима | ||||||||||||||
Роден на | 18 септември 1976(1976-09-18) (47 г.) | ||||||||||||||
Роден во | Рио де Жанеиро, Бразил | ||||||||||||||
Висина | 1.82 метри | ||||||||||||||
Позиција | напад | ||||||||||||||
Младинска кариера | |||||||||||||||
1986–1989 | Тениски Клуб Валкири | ||||||||||||||
1989–1990 | Социјален клуб Рамос | ||||||||||||||
1990–1993 | Сао Кристовао | ||||||||||||||
Кариера* | |||||||||||||||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) | ||||||||||||
1993–1994 | ФК Крузеиро | 34 | (34) | ||||||||||||
1994–1996 | ПСВ Ајндховен | 46 | (42) | ||||||||||||
1996–1997 | ФК Барселона | 37 | (34) | ||||||||||||
1997–2002 | ФК Интер | 68 | (49) | ||||||||||||
2002–2007 | ФК Реал Мадрид | 127 | (83) | ||||||||||||
2007–2008 | ФК Милан | 20 | (9) | ||||||||||||
2009–2011 | ФК Коринтијанс | 52 | (29) | ||||||||||||
Вкупно | 384 | (280) | |||||||||||||
Репрезентација | |||||||||||||||
1993 | Бразил U17 | 7 | (5) | ||||||||||||
1996 | Бразил U23 | 8 | (6) | ||||||||||||
1994–2011 | Бразил | 98 | (62) | ||||||||||||
Успеси
| |||||||||||||||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари |
Како еден од најцелосните напаѓачи во изминатите 30 години, во 2007 година, Роналдо бил именуван како еден од 11-те најдобри најдобри фудбалери на сите времиња од страна на „France Football“ и се појави на списокот за најдобите 100 фудбалери кој го состави Пеле. Во 2010 година, беше прогласен за „Играч на деценијата“ на мрежната страница Goal.com, а беше вклучен и како централен напаѓач во „Тимот на деценијата“. На 23 февруари 2010 година, Роналдо објави дека ќе се пензионира после крајот на сезоната.
Роналдо настапи за Бразил во 98 интернационални натпревари, постигнувајќи 62 голови. Тој беше дел од репрезентацијата на Бразил која ги освои Светските првенства во 1994 и 2002 година. За време на Светското првенство во 2002 година, Роналдо стана најдобриот голгетер во историјата на светските првенства со 15 голови, надминувајќи го Герд Милер кој имаше 14, но подоцна рекордот на Роналдо беше израмнет од страна на Мирослав Клозе со 15 постигнати голови. Тој е единственииот фудбалер кој ја освоил Златната топка и Златната копачка на две различни Светски првенства. Бидејќи во текот на кариерата имаше неколку сериозни повреди, Роналдо се пензионираше на 14 февруари 2011 година, наведувајќи ги болките и хипотириодизмот како главни причини за неговото прерано пензионирање.