Вртење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вртење (или ротација) — кружно движење на предмет околу средиште (центар или точка) на вртење. Во три димензии предметот секогаш се врти околу замислена линија наречена оска на вртење. Ако оската минува низ низ тежиштето на телото, се вели дека телото се врти околу себеси, или вртеж. Вртење околу надворешна точка, на пример Земјата околу Сонцето, се нарекува орбитално кружење (револуција), во случаите каде причина за движењето е гравитацијата.