Социјалдемократски сојуз на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) — македонска социјалдемократска политичка партија со левичарска идеологија. Претседател на партијата е Димитар Ковачевски. Партијата била основана на 20 април 1991 година во Скопје како наследник на партијата СКМ, а за нејзин прв претседател бил избран Бранко Црвенковски. СДСМ е полноправна членка на Социјалистичката интернационала и придружна членка на Партијата на европските социјалисти.
- За историјата на партијата СДСМ пред 20 април 1991 година, видете Сојуз на комунистите на Македонија.
Социјалдемократски сојуз на Македонија | |
---|---|
Водач | ќе биде одлучено |
Генерален секретар | Миле Зечевиќ |
Основач | Бранко Црвенковски |
Основана | 19 март 1943; пред 81 година (1943-03-19) (како КПМ) 20 април 1991; пред 33 години (1991-04-20) (преименета во СДСМ) |
Штаб | Скопје |
Младина | Социјалдемократска младина на Македонија |
Понежен пол | Форум на жени на СДСМ |
Идеологија | Социјалдемократија Социјален либерализам Проевропеизам Прогресивизам |
Полит. положба | Центар-лево |
Меѓународна припадност | Социјалистичка интернационала |
Европска припадност | Партија на европските социјалисти |
Бои | Црвена и бела |
Собрание | 18 / 120
|
Општини | 18 / 80
|
Мрежно место | |
sdsm.org.mk | |
Знаме | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
СДСМ и Црвенковски ја предводеле Владата на Македонија најпрво во периодот 1992–1998, по што следните четири години биле најголемата опозициска партија во Собранието на Република Македонија. Партијата повторно формирала влада во периодот 2002–2006 под водство на Црвенковски, а потоа во следните десет години СДСМ дејствувала како парламентарна опозиција. Заев бил избран за партиски водач во 2013, а четири години подоцна формирал коалициска влада со СДСМ како носечка партија.