Свети Анастасиј Радовишки
македонски светец / From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Анастасиј Радовишки или Свети Спасо Радовишки (Радовиш, 1774 – Солун, 11 септември 1794 ) — македонски христијански светец - новомаченик, Македонец.[1] На дваесет години родителите го испратиле во Солун да учи занает. Таму го присилувале да прими ислам, но откако не се откажал од својата вера, бил измачуван, ги поднел сите страдања и одејќи кон бесилката измачениот Анастасиј паднал и ја предал својата душа на Господа.[2] По неговата меченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го напишал неговото житие.[3] Македонската црква неговиот празник го слави на 8 август според јулијанскиот календар,или 21 август според Грегоријанскиот календар.