Секретаријат на Комунистичката партија на Кина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Секретаријатот на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (кин. 中国共产党中央委员会书记处; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng Zhōngyāng Wěiyuánhuì Shūjìchù) е управниот орган на Комунистичката партија на Кина, напоредна на државното устројство на НР Кина.
Најважната улога на секретаријатот е одлучувањето за функционерите и кадрите во партијата и во државата (но не за вооружените сили).
Секретаријатот раководи со работата на Политбирото и неговиот Постојан комитет, на чие чело стои Генералниот секретар. Покрај ова, органот има улога да ја уредува и усогласува организациската поставеност на партијата. Надлежен е за партијата, но не е овластен за водење државна политика. Функционерите на секретаријатот ги гласа и назначува Политбирото и неговиот Постојан комитет.