Семејство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Семејство (потесно семејство) — семејна заедница што се состои само од брачна двојка или од родители (двајца или еден) и нивните деца кои не се во брак. Под семејство се подразбира и заедница на партнери кои живеат заедно, а законски немаат засновано брачна заедница.
Во согласност со дефиницијата за семејство, се разликуваат следните типови на семејства:
- брачна двојка без деца;
- брачна двојка со дете/деца кои не се во брак;
- родители (партнери кои не се во брак) со дете/деца кои не се во брак;
- мајка со дете/деца кои не се во брак и
- татко со дете/деца кои не се во брак.
Зборот семејство води потекло од зборот семе. Како поим во секојдневниот говор со семејство означуваме заедница од родители и потомци. Клучната цел на таквата заедница е одгледување на потомците.
Реченицата на Владимир Илич Ленин дека: “...Семејството е основна клетка од која е изградено општеството“ го втемелува имањето потомство како предуслов за имање општество.
Семејството и општеството се појави кои не се забележани само кај луѓето, туку се чести во живиот свет.