Сена
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сена (француски: Seine) — најголемата река и трговски пат меѓу регионите Ил де Франс и Горна Нормандија во Франција. Таа исто така е и туристичка атракција, со бродски екскурзии кои нудат разгледувачки тури на туристите на Десниот брег и на Левиот брег во градот Париз.
Кратки факти Сена, Изворно име ...
Сена | |
---|---|
Изворно име | Seine (француски) |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Ламанш 49°26′5″N 0°7′3″E |
Должина | 776 км |
Особености на сливот |
Затвори
Има над триесеттина мостови на Сена во Париз и десеттина други надвор од градот. Највпечатливи во Париз се Мостот Луј-Филип и Пон неф, кој датира од 1607. Надвор од градот, такви примери се Мостот на Нормандија, еден од најдолгите висечки мостови на светот, кој го поврзува Ле Авр со Онфлер.