Скандинавија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скандинавија — географската и историско-културната целина во Северна Европа односно Скандинавскиот Полуостров. Данска, Шведска и Норвешка го сочинуваат Скандинавскиот Полуостров. Понекогаш под Скандинавија се подразбираат и Исланд и Фарските Острови поради историската-културна и јазична близина. Историски гледано и Финска може да спаѓа во истата група но има помалку случности поради јазичната и етничката разлика на Финците.
Има повеќе толкувања на терминот Скандинавија, (околу тоа кои земји припаѓаат, а кои не), па затоа, изразот нордиска земја се користи за сите овие: Данска (вклучувајќи ги Гренланд и Фарските острови) Норвешка, Исланд, Шведска и Финска (заедно со Оланд).