Список на англиски монарси
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Првиот човек којшто ја презел титулата Rex Anglorum или Крал на Англија бил Офа Мерсиски. Во текот на 9 век, кралевите од Весекс, кои претходно ги освоиле Кент и Сасекс од Офа во 825 година, станале доминантни од сите останати мали кралства во Англија. Сепак, традиционално, списокот на англиските монарси започнува со Алфред Велики од 829 година. Тој и неговиот син Едвард Постариот ја користиле титулата крал на Англосаксонците. Заземањето на Нортумбрија во 927 година, на Етелстан му била доделена титулата Rex Anglorum. Оваа титула била променета во времето на Хенри II, во 1154 година, кога била преименувана во Rex Angliae.
Кнежевство Велс било приклучено кон Кралство Англија во 1284, а во 1301 Едвард I за првпат на идниот наследник, својот син Едвард II, му ја дал титулата Принц од Велс. Од тоа време, со исклучок на Едвард III, најстарите синови на сите англиски монарси ја имале оваа титула. По смртта на Елизабета I во 1603 година, Круните на Англија и Шкотска се обединиле, на чело со Јаков I (Јаков VI на Шкотска). Од страна на кралска прокламација, Џејмс се нарекувал и „крал на Велика Британија“, но сепак официјално истото било создадено во 1707 година.