Список на градоначалници на Хамбург
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Списокот што следи е хронолошки список на градоначалници во Хамбург, град-држава во Германија. Градоначалниците се главни на градот-држава, дел од Владата на Хамбург. Од 1861, според уставот од 28 септември 1860 покраината била раководена од десетчлен Сенат, кој бил наречен совет (на германски јазик во тоа време: Rath) пред тоа време. Бил воден од Првиот градоначалник на Хамбург (германски наслов: Erster Bürgermeister der Freien und Hansestadt Hamburg) како Претседател на Сенатот. Негов заменик бил Вториот градоначалник.
Пред Првата светска војна двајцата градоналници биле избирани на едногодишен мандат. До 1997, Првиот градоначалник бил primus inter pares меѓу неговиот колеги во Сенатот, од кои бил избиран. Оттогаш, тој е избиран од хамбуршкиот парламент (германски: Hamburgische Bürgerschaft) и има можност да ги назначува и отповикува другите сенатори (министри).