Спомен-костурница (Велес)
споменичен комплекс во Велес / From Wikipedia, the free encyclopedia
Спомен-костурниците претставуваат монументални објекти со симболична содржина како посебен вид на капели (гробници). Во нив се приложени мошти на борците кои биле жртви на одредени воени дејства. По својата структура ги обединуваат формалните и обликовните искуства на црковното градителство збогатено со естетски и просторни квалитети. Овие грандиозни силуети се во корелација со современата, ликовна и монументална архитектура и уметност. Во Македонија започнуваат со изградба во периодот меѓу двете светски војни, но особено својата афирмација ќе ја доживеат по завршување на Втората светска војна.
Кратки факти Спомен костурница- Велес, Основни податоци ...
Спомен костурница- Велес | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Велес, Македонија, |
Координати | 41° 72′ 33″ N, 21° 78′ 27″ E |
Архитект(и) | Саво Суготин |
Поставен темел | 1976 |
Завршен | 1979 |
Материјали | армиран бетон |
Затвори