Спомен-куќа на Мајка Тереза
музеј во Скопје, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Спомен-куќа на Мајка Тереза — спомен-куќа која се наоѓа во Скопје, Македонија, како единствен музеј во светот посветен на Мајка Тереза. Желбата да ѝ се оддаде почит на најпознатата скопјанка и нобеловка од Македонија, се реализира на 30 јануари 2009 година со отворањето на спомен-куќата на Мајка Тереза. Локацијата на самиот објект не е случајно избрана. Имено, на ова место, до земјотресот во 1963 година, се наоѓала католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во која Мајка Тереза, тогаш Гонџа Бојаџиу, била крстена само еден ден по своето раѓање. Редот на исусовците, кои меѓу двете светски војни ја предводеле Католичката црква во Скопје, особено отец Јамбрековиќ, одиграле клучна улога во одлуката на младата Гонџа да го напушти родното Скопје и семејството и својот живот да му го посвети на Бога.
Преден поглед на музејот | |
Основан | 2009 |
---|---|
Место | Улица „Македонија број 9“ Скопје, Македонија |
Тип | меморијален музеј |
Посетеност | 100 илјади годишно |
Директор | Рената Кутера Здравковска |
Мреж. место | memorialhouseofmotherteresa.com/ |