Кочански кули
две средновековни кули во Кочани / From Wikipedia, the free encyclopedia
Средновековни кули — две кули во Кочани и една во околината кои, и покрај називот, најверојатно биле изградени во втората половина на XVII век, кога градот бил под османлиска управа. Влијание во изградбата имала ориенталната архитектура.
Според денешните наоди, во Кочани и неговата блиска околина биле изградени три средновековни кули, од кои две се наоѓаат во градот, распоредени од двата брега на Кочанска Река, додека третата е местена во селото Долни Подлог. Тоа биле беговски кули од станбено-одбранбена функција, а едната била користена како саат-кула.
Изградени од масивни ѕидови од камен, тие останале како единствени белези од минатото во Кочани, иако со години наназад биле под удар на забот на времето. На 13 август 1957 година, Републичкиот завод за заштита на споменици ги стави под заштита на Закон двете кули во градот. На 22 јануари 2016 година, кулите добиле статус на значајно културно наследство.[1]