Сува Река - Парагон (Гевгелија)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сува Река - Парагон — археолошко наоѓалиште во градот Гевгелија. Претставува некропола од железно време. Во јужниот дел на градот, а особено во коритото на Сува (Конска) Река и на нејзините брегови, како и на флувијалната тераса на десната страна, позната под името Парагон, е откриен голем број гробови од неколку типови: слободно вкопување, цисти од камени плочи и во питоси, сите со различна насоченост. Во голем број се и предметите од бронза во вид на украсни предмети и накит, како и орудија и оружје од железо. Во периодот 1975-77 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Музејот на Македонија вршеле заштитни археолошки ископувања. Откриените наоди се чуваат во Музејот во Гевгелија и во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
„Сува Река - Парагон“ | |
| |
Местоположба | 41°08′00″N 22°30′00″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Гевгелија |
Општина | Гевгелија |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |