Таџичка азбука
From Wikipedia, the free encyclopedia
Таџичка азбука е термин кој ги опфаќа сите писма со кои се запишувал таџичкиот јазик. Првично, поради влијанието на Исламот, јазикот се запишувал со персиско-арапско писмо, кое подоцна за краток период било заменето со латиница. Латиница пак во времето на СССР била заменета со кирилица, која и денес е доминантно и официјално писмо за запишување на јазикот. Покрај овие три, јудејско-таџичкиот дијалект користел хебрејско писмо, но и овој дијалект денес сè повеќе користи кирилица.