Тежина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во физичките науки, тежина е мера на гравитациската сила која дејствува врз некое тело. Овој термин понекогаш погрешно се користи наместо маса. На Месечината, обичен тег од 1 кг сѐ уште има маса од 1 кг но неговата тежина e потполно изменета бидејќи месечината има послаби гравитациски сили во споредба со земјата. Поради ова, бидејќи тежината претставува сила, таа се мери во њутони, N (SI единица) т.е., kg·m/s². Тежината се означува со големата латинска буква Q и формулата за откривање на тежината е Q = m · g за на земјата или за на друга планета Q = m · a каде што а = Fg(гравитациската сила) на таа планета.