Топлина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Топлината се дефинира како енергија во преод која се регистрира (чувствува) и пренесува како резултат на температурната разлика. Топлината секогаш поминува од потопло на постудено тело, така што насоката на распространување е одредена со природен закон (вториот закон на термодинамиката).Топлина е движењето на топлинската енергија од еден предмет со повисока температура на предмет со пониска температура.
Шкотскиот физичар Џејмс Кларк Максвел, во неговото класично дело “Теорија на топлината“ од 1871 г., бил еден од првите кој се обидел да даде модерна дефиниција за топлина. Главно, Максвел истакнува четири одредби за дефинирање на топлината. Првата, дека тоа е “нешто што може да се префрли од едно тело на друго, што го претставува Вториот закон на термодинамиката. Второ, дека таа може да се смета за “мерлива големина“ и затоа може да се третира математички како останатите мерливи големини. Трето, таа “не може да се третира како супстанца“; таа може да се трансформира во нешто што не е супстанца, на пример, механичка работа. Најнакрај, таа е “една од формите на енергијата“.
Топлината се означува со Q, а СИ-единица за топлина е џул (J). Кога температурите ќе се изедначат, топлината е еднаква на нула. Топлината исклучиво е поврзана за преодот, па таа е процесна големина.
Струењето за преод на топлина:
- ΔQ > 0 — ако топлината му е предадена на системот
- ΔQ < 0 — ако системот ја предал топлината на околината
Топлината се пренесува со спроведување, струење и зрачење.