Европско првенство во фудбал 2000
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европското првенство во фудбал 2000, или скратено Евро 2000 било 11-тото Европско фудбалско првенство, кое се одржува на секои четири години, во организација на УЕФА, управното тело на европскиот фудбал.[1]
Европско првенство во фудбал 2000 | |
---|---|
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | Белгија Холандија |
градови | 8 |
стадиони | 8 |
Период на одржување | 10 јуни — 2 јули 2000 |
Број на учесници | 16 |
Распределба на медалите | |
Шампион | Франција |
Второ место | Италија |
Трето место | Холандија Португалија |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 1.122.833 (36.220 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 31 |
Дадено голови | 85 (2.74 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Патрик Клајверт Саво Милошевиќ (5 гола) |
Најдобар играч | Зинедин Зидан |
← 1996 2004 → |
Организатори на Европското првенство 2000 биле две држави Белгија и Холандија, што било прв таков случај во историјата на натпреварувањето. Кандидатурата на овие држави била избрана пред Шпанија и Австрија кој исто така поднеле кандидатура се организиаторство на турнирот.
Првенството се одиграло од 10 јуни до 2 јули 2000 година, и на завршниот турнир учествувале 16 репрезентации. Со исклучок на репрезентациите домаќини, Белгија и Холандија, останатите учесници на ова првенство морале да се изборат за настап на турнирот преку квалификациите.
Европското првенство во фудбал 2000 го освоила репрезентацијата на Франција, која во финалето ја победила Италија со 2-1 по продолженија, со златниот гол на Давид Трезеге во 103-тата минута.[2] Финалето било одиграно на Стадионот Крал Бодуен (поранешниот Хејсел) што било прво финале на овој стадион после 1985 година и катастрофата што се случила на Хејсел за време на финалето на Европскиот куп на шампиони таа година.