УЕФА Лига на шампиони 2014/15
From Wikipedia, the free encyclopedia
УЕФА Лига на шампиони 2014/1 — 60-та сезона на најдоброто европско натпреварување во фудбал организиран од УЕФА, и 23-ра сезона откако е преименувана од Куп на Европските шампиони во УЕФА Лига на шампиони.
Финалето ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Берлин. | |
Податоци за купот | |
---|---|
Датуми | 1 јули – 27 август 2014 (квалификации) 16 септември 2014 – 6 јуни 2015 (натпреварувачка фаза) |
Екипи | 32 (групна фаза) 77 (вкупно) (from 53 associations) |
Финале | |
Шампиони | Барселона (5. титула) |
Вице-шампион | Јувентус |
Статистики за купот | |
Одиграни натпревари | 125 |
Постигнати голови | 361 (2.89 по натпревар) |
Посетеност | 5.136.695 (41.094 по натпревар) |
Најдобар стрелец(и) | Лионел Меси Нејмар Кристиано Роналдо (10 голови) |
← 2013/14 2015/16 → |
Натпреварувањето започнало со одржувањето на првото квалификациско коло на 1 јули 2014 година, а финалето ќе се одигра на 6 јуни 2015 година на Олимпискиот стадион во Берлин, Германија.[1] Титулата ја брани Реал Мадрид, кој во финалето во 2014 година ја победил екипата на Атлетико Мадрид со резултат 4:1 по продолжетоци.
Ова ќе биде првата сезона во која клубовите мораат да го почитуваат финансикиот ферплеј на УЕФА со цел да учествуваатх во натпреварувањето.[2] Освен тоа, оваа сезона на УЕФА Лигата на шампионите била првата сезона во која што се натпреварувал клуб од Гибралтар, по прифаќањето на фудбалскиот сојуз на Гибралтар како 54 член на УЕФА на конгресот одржан во мај 2013 година.[3] Екипата која што го претставувала Гибралтар е Линколн Ред Импс, првак на Гибралтар во сезоната 2013/14.[4]