ГНК Динамо Загреб
From Wikipedia, the free encyclopedia
Граѓански фудбалски клуб Динамо Загреб (скратено: ГНК Динамо Загреб или само Динамо Загреб) е хрватски фудбалски клуб од градот Загреб. Моментално се натпреварува во Првата фудбалска лига на Хрватска, и од нејзиното основање во 1992 година досега, никогаш не испаднал. Динамо е клуб со најмногу навивачи во Хрватска[2], а од основањето на Република Хрватска како самостојна независна држава е најтрофеен клуб во државата, со 20 национални титули шампион, 15 освоени купа и 6 суперкупа. Тие се исто така единствената хрватска екипа која успеала да освои некој европски трофеј, Купот на велесаемските градови 1966-1967.
ГНК Динамо Загреб | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Граѓански ногометни клуб Динамо Загреб | |||
Држава | Хрватска | |||
Прекар | Модри, Плави, Пургери | |||
Основан | 26 април 1911 (1911-04-26) како 1. ХШК Граѓански 9 јуни 1945 (1945-06-09) како Динамо | |||
Локација | Загреб, Хрватска | |||
Бои | темносина и бела | |||
Стадион | Максимир | |||
Капацитет | 35,123[1] | |||
Претседател | Велимир Зајец | |||
Тренер | Сергеј Јакировиќ | |||
Лига | Superliga | |||
2022/23 | 1-ви (шампиони) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Динамо е наследник на фудбалскиот клуб 1. ХШК Граѓански Загреб основан на 26 април 1911 година. Откако комунистичката власт во 1945 година со декрет ги укинала популарните загрепски фудбалски клубови како Граѓански, ХАШК и Конкордија[3] поради играње во фудбалското првенство за време на НДХ, бил основан фудбалскиот клуб Динамо на 9 јуни 1945 година, како фудбалска секција на Спортскиот клуб Динамо, која од 1949 година започнува да делува како самостојна фудбалска екипа. Од фудбалскиот клуб Граѓански, Динамо ја презел темносината боја на дресови, поголемиот дел од играчите и навивачите како и прекарот пургери, а исто така и грбот на клубот е направен по урнек на грбот на фудбалскиот клуб Граѓански.[4]
Промените на името на клубот во ХАШК Граѓански и Кроација Загреб не биле добро прифатени во воените деведесетти години на 20 век, а денешното име било усвоено на седница на собранието на клубот на 12 август 2011 година, кога името Ногометни клуб Динамо Загреб било променето во Граѓански ногометни клуб Динамо Загреб со цел да се нагласи поврзаност со Граѓански.
Своите домашни натпревари Динамо ги игра на стадионот Максимир, кој има капацитет од нешто повеќе од 35.000 гледачи. Најголем соперник им е Хајдук Сплит со кого играат вјечно дерби, кое се смета за едно од најзначајните фудбалски дербија во светот.[5] Динамо Загреб е исто така познат по своите верни и фанатични навивачи познати под името Bad Blue Boys.