Фахверк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фахверк (германски: Fachwerk) или полудрвена градба — начин на изградба на куќи и поголеми објекти со изработка на дрвена конструкција која потоа се полни со ѕиден материјал за да се добие стабилност и декоративен изглед. Аналогната конструкција во Македонија е бондрукот. Овој начин на градба се користи веќе долго време во разни краишта во светот како стара Јапонија, Европа и средновековна Англија. Денес, во европската традиција најзабележливи примери се наоѓаат во земјите со најдолга традиција: Германија, Англија и Франција, но интересни примери постојат во разни земји од Комонвелтот како Канада, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд и други.