Федерално истражно биро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Федералното истражно биро (англиски: Federal Bureau of Investigation) — агенција во склоп на Министерството за Правда на Соединетите Американски Држави којашто функционира и како федерално тело за криминална истрага и како внатрешна агенција за разузнавање. ФИБ има правна истражувачка надлежност за прекршоци во повеќе од 200 категории на федерални злодела. Неговото мото е „Верност, храброст, интегритет“ („Fidelity, Bravery, Integrity“), кое е име што одговара на иницијалите на Бирото на англиски јазик. Седиштето на ФИБ или зградата Џ. Едгар Хувер, се наоѓа во Вашингтон, Колумбија. Во поголемите градови низ САД сместени се педесет и шест теренски канцеларии како и преку 400 постојани канцеларии во помалите градови и места ширум земјата. Во Амбасадите ширум САД се наоѓаат повеќе од 50 меѓународни канцеларии наречени „правни советници“.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |