Феудализам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Феудализмот (од латинскиот збор feudum) е општествено-економска формација во средниот век во која човечкото општество се дели на две основни антагонистички класи:
- феудалци и
- селани-кметови (крепосни селани).
Кратки факти Општествени уредувања ...
Општествени уредувања |
---|
Дел од темата Политика |
Список на општествени уредувања
|
Портал Политика · уреди |
Затвори
Основна одлика на феудализмот е сопственоста на средствата за производство во рацете на феудалецот (ја поседуваат во прв ред земјата) и непотполната сопственост над производителот - селанецот-кмет. Напоредно со сопственоста на феудалците, постои и ситна сопственост на селаните и занаетчиите над орудијата за работа (селски инвентар, занаетски алат) и над куќата и покуќнината.