Франсиско Писаро
шпански конквистадор / From Wikipedia, the free encyclopedia
Франсиско Писаро, често наречен Франциско Пизаро (шпански: Francisco Pizarro González, 1st Marqués de los Atabillos) — шпански конквистадор, освојувач на империјата на Инките и основач на Лима, денешниот главен град на Перу. Роден е во Трухиљо, Шпанија. Во 1502 година заминува кон новите земји со цел да си ја проба среќата. Некое време живее на островот Хиспаниола (денешни Хаити и Доминиканската Република) потоа се приклучува на колонијата Дариен во Панама. Околу 1520 година во Панама пристигнале гласини за некоја земја на југот која била богата со злато и сребро. Во 1522 година била пратена првата експедиција на југ кон инките, а неа ја предводел Паскуал де Андагоља. Оваа земја го заитересирала Писаро кој формирал своја експедизција и отпловил кој југ.
Франсиско Писаро Francisco Pizarro | ||
Роден | 1471 или 1476 Трухиљо, Екстремадура, Шпанија | |
---|---|---|
Починал | 26 јуни 1541
Лима, Перу | |
Националност | Шпанец | |
Познат | освојувањето на Јужна Америка | |
Занимање | конквистадор |