Црква „Св. Јован Богослов“ - Слепче
црква во Слепче, Демирхисарско / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Јован Богослов (понекогаш Св. Јован Претеча) — црква кај демирхисарското село Лесково. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Свети Јован Богослов | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
Парохија | Слепчанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°13′39.6″N 21°8′59.2″E |
Место | Слепче |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Јован Богослов |
Изградба | XVII век |
Живопис | 1627 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Црквата е изградена во XVII век, сместена недалеку над Слепченскиот манастир. Меѓу народот е позната и како Св. Никола.[2] Ова е мала еднокорабна градба покриена со полукружен свод. На исток има петстрана апсида. На северната и јужната страна одвнатре има потпорни пиластри кои образуваат полукружни ниши. Ѕидаријата е од кршен камен, а фасадите се фугирани. Покривот е направен со турски (ѓупски) ќерамиди, а оној на апсидата е од камени плочки. Подот е под нивото на теренот и е цементиран. Над западниот влез има засводена полукружна ниша со претстава на Јован Богослов, а во најзиниот долен дел стои натпис со годината 1627,[3] што веројатно се однесува на живописувањето,[4] а спомнат е и монахот Герасим.[3] Фреските веројатно се дело на мајстори од Линотопската школа.[4] Од сцените се издвојуваат композициите „Дејсис“ „Успение Богородично“, „Свети Лука го слика ликот на Пресвета Богородица со Христос“, како и иконата „Богородица Трирачица“ од 1627 г.[2] Иконостасот е дрвен, а големиот крст веројатно е од XVI век.[2]