Безистен (Штип)
поранешен безистен во Штип, денес уметничка галерија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Во центарот на градот Штип се наоѓа Безистенот[1] кој по својата архитектура се издвојува од околните згради, особено сега меѓу новоградбите. Времето на неговото градење е непознато. Отсуството на декоративни елементи по неговите фасади, кои најчесто можат да укажат на една одредена епоха, во овој случај ја отежнаа задачата за поблиско датирање на овој објект.
Кратки факти Штипски безистен, Општи податоци ...
Штипски безистен | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Штип |
Земја | Македонија |
Координати | 41°44′15.13″N 22°11′33.49″E |
Затвори