Џон Стајнбек
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џон Ернст Стајнбек (27 февруари 1902 – 20 декември 1968) — американски автор на дваесет и седум книги, вклучувајќи шеснаесет романи, шест документарни книги, и пет збирки на куси раскази. Познат е по хумористичните романи Рамна тортиља (1935) и Конзервиран ред (1945), како и по епскиот роман Источно од рајот (1952), и романите Глувци и луѓе (1937) и Црвениот пони (1937). Тој е добитник на Пулицеровата награда за романот Плодовите на гневот (1939),[2] кој се смета за негово ремек дело, продадено во 14 милиони примероци.[3] Добитникот на Нобеловата награда за литература во 1962 година, е наречен „гигант на американските букви“.[4] Неговите се читани надвор од границите на Америка, а многу од неговите дела се сметаат за класика на западната литература.
Џон Стајнбек John Steinbeck | |
---|---|
Стајнбек во Шведска за време на неговото патување кога ја примил Нобеловата награда за литература во 1962 година. | |
Роден/а | Џон Ернст Стајнбек, Јуниор 27 февруари 1902 Салинас, Калифорнија, САД |
Починат/а | декември 20, 1968(1968-12-20) (возр. 66) Њујорк, САД |
Занимање | Ромасиер, писател на куси раскази, воен дописник |
Значајни дела | Глувци и луѓе (1937) Плодовите на гневот (1939) Источно од рајот (1952)[1] |
Значајни награди | Пулицерова награда за проза (1940) Нобелова награда за литература (1962) |
Потпис |
Најголемиот дел од делата на Стајнбек се одвиваат во јужна и средна Калифорнија, посебно во долината Салинас и по бреговите на Калифорнија. Неговите дела често ги обработуваат темите за судбината и неправдата, посебно во животот на угнетените и обичните луѓе.