Киев
главен и најголем град во Украина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ки́ев (украински: Київ; руски: Киев) — главен и најголем град во Украина, кој се наоѓа во северниот средиштен дел на земјата, по течението на реката Днепар. Населението на градот според пописот од 2001 година е 2.611.300. Сепак, според печатот, денеска овој број е поголем[1].
Киев Київ Kyiv | |||
---|---|---|---|
Координати: 50°27′00″N 30°31′24″E | |||
Земја | Украина | ||
Општина | Киев | ||
основан | 5 век | ||
Реон | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Виталиј КличкоКличко (uk) | ||
Површина | |||
• Градска | 839 км2 (324 ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000000179000000179 м | ||
Население (1 јануари 2010) | |||
• Градско | 2,797,553 | ||
• Густина | 3.299/км2 (8,540/ми2) | ||
• Метро | 3,648,000 | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
поштенски број | 01xxx-04xxx | ||
Повик. бр. | +380 44 | ||
Авто. рег. таб. | AA (before 2004: КА, КВ, КЕ, КН, КІ, KT) | ||
Мреж. место | kmv.gov.ua |
Киев претставува важен индустриски, научен, образовен и културен центар на Источна Европа. Градот е дом на голем број светски компании, високообразовни институции и светски познати знаменитости. Градот има висока инфраструктура и високо развииен систем за јавен превоз, вклучувајќи го и Киевското метро.
Името на градост се смета дека потекнува од Киј, еден од трите браќа кои го основале градот. Во текот на својата историја, Киев опстојувал како еден од најстарите градови во Источна Европа. Најверојатно, градот постоел пред 5 век и претставувал трговски центар, како и место кое претставувал трговски град помеѓу Скандинавија и Цариград. Градот бил престолнина на Киевска Русија, за да во 1240 година биде целосно разрушен во времето на монголската инвазија. Во сладните векови, градот го изгубил своето значење и станал провинцијален град во рамките на Големото Литванско Војводство, Кралството Полска и Руската Империја[2].
Градот значително започнал да се развива кон крајот на 19 век во рамките на Руската Империја. Во 1917 година, откако Украинската народна република прогласила независност, градот станал престолнина на новата држава. Во 1921 година, Киев станал дел од Советскиот Сојуз, и престолнина на Украинска ССР од 1934 година. Во текот Втората светска војна, градот бил значитењлно разрушен, за да по војната повторно биде целосно обновен. По распадот на Советскиот Сојуз и добивање на украинската независност од 1991 година, Киев станал главнен град на Украина.