Днепар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Днепар (руски: Днепр; белоруски: Дняпро; украински: Дніпро; кримскотатарски: Özü) — една од поголемите реки во Европа (четврта по големина), која извира во Русија тече низ Белорусија, а во Украина се влева во Црното Море. Вкупната должина на реката е 2.285 километри и има сливно подрачје од 50.400 км2. Реката е позната по нејзините брани и хидроцентрали. Днепар е важен воден пат за економијата на Украина и е поврзан со каналот Днепар-Буг до другите водни патишта во Европа.
Днепар | |
руски: Днепр, белоруски: Дняпро, украински: Дніпро, кримскотатарски: Özü | |
Река | |
Земји | Русија, Белорусија, Украина |
---|---|
Притоки | |
- леви | Сож, Десна, Трубиж, Супиј, Сула, Псјол, Ворскла, Самара, Конка, Биложерка |
- десни | Друт, Березина, Припјат, Тетерив, Ирпин, Стухна, Рос, Тјасмин, Базавлук, Инхулетс |
Градови | Доробогуж, Смоленск, Могиљов, Киев, Черкаси, Днепар |
Извор | |
- место | Валдајска Висорамнина, Русија |
- височина | 220 м |
- координати | 55°52′00″N 33°41′00″E |
Утока | Днепарска делта |
- координати | 46°30′00″N 32°20′00″E |
Должина | 2.290 км |
Слив | 516.300 км2 |
Истек | во Херсон |
- просечен | 1.670 м3/с |
Сливот на реката Днепар
|
Во антиката, Днепар се спомнува од старогрчкиот историчар Херодот (5 век п.н.е.) под името Бористен (во буквален превод од старогрчки „оној кој тече од север“). Римските историчари ја нарекуваат оваа река Данаприс додека за време на Киевска Русија меѓу Словените била позната како Славутич.