Кура
река Во Закавказ / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кура (турски: Kura, грузиски: მტკვარი - Мтквари, азерски: Kür, ерменски: Կուր) — река на Кавказ. Извира во североисточна Турција, па тече низ неа, Грузија и Азербејџан, каде ѝ се придружува притоката Аракс, па завршува во Каспиското Езеро. Има вкупна должина од 1.515 км.
Мтквари Мтквари | |
Кура, Ќур, Кир | |
Река | |
Кура (Мтквари) во Тбилиси | |
Земји | Турција, Грузија, Азербејџан |
---|---|
Регион | Кавказ |
Дел од | Касписки слив |
Притоки | |
- леви | Лијахви, Арагви, Иори, Алазани |
- десни | Алгети, Храми, Тертер, Аракс |
Градови | Хашури, Гори, Тбилиси, Рустави, Мингечевир, Зердаб, Сабирабад, Нефтчала |
Извор | Мал Кавказ |
- место | кај ез. Карцахи, Карс, Турција |
- височина | 2.740 м [1] |
- координати | 40°40′31″N 42°44′32″E |
Утока | Касписко Езеро |
- местоположба | Нефтчала, округ Нефтчала, Азербејџан |
- височина | −26,5 м [2] |
- координати | 39°19′32″N 49°20′07″E |
Должина | 1.515 км [3] |
Слив | 198.300 км2 [4] |
Истек | во веднаш низводно од утоката на Аракс |
- просечен | 443 м3/с [5] |
- максимален | 2.250 м3/с [6] |
- минимален | 206 м3/с [6] |
Сливот на Кура
|
Кавкаскиот регион е населен уште од најстари времиња, а земјоделство во долината на Кура почнало да се развива пред повеќе од 4.500 години. По течение подоцна се јавиле големи и развиени цивилизации, но во средновековието (околу 1200 г.) населените места се опустошиле поради природни непогоди и освојувања од други народи. Со сè поголемата експлоатација и општетувања на шумите и степите во сливното подрачје, почнале да се јавуваат зачестени поплави, кои имале особен замав во XX век. Во 1950-тите советските власти почнале со изградба на голем број брани и канали. Денес реката е многу побавна и поплитка поради присуството на разни хидроелектрани, а некогаш била пловна до градот Тбилиси во Грузија.