Лакрос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лакрос — спорт кој се игра на трева. Лакрос e тимски спорт, со индијанско потекло, кој се игра со помош на мала, цврста, гумена топка и стап со долга дршка, што се нарекува „крос“ или „лакрос стап“. Врвот на лакрос стапот е врзан со крупна мрежа со намена да ја фати и задржи лакрос топката. При напад, целта на оваа игра е да се постигне бод со шутирање на топката во голот на спротивниот тим, користејќи го притоа лакрос стапот за да се фати, однесе и подаде топката[1]. При одбрана, целта е да се спречи спротивниот тим да даде гол и да им се одземе топката, со помош на стапот, телесниот контакт или позиционирањето. Овој спорт има четири главни типови: машки лакрос, женски лакрос, лакрос на затворено и интеркрос (лакрос без контакт меѓу играчите)[2].
Лакрос (поточно лакрос на затворено) е национален летен спорт на Канада.