Милан - Јувентус 1-6 (Серија А 1996-1997)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вториот натпревар во Серија А во сезоната 1996-1997 помеѓу славните италијански фудбалски клубови Милан и Јувентус, бил одигран на Сан Сиро во Милано на 6 април 1997 во рамките на 26-тото коло од првенството.[1] Јувентус го добил овој натпревар како гостин со убедливи 6-1, нанесувајќи му го на својот соперник еден од најтешките порази на негов терен во Серија А, од кога е уведено новото правило за секоја победа да се добиваат по три бода. Интересно е дека ова била најубедливата победа на Јувентус на гостински терен во Серија А во оваа сезона, но не и единствената таква во сезоната бидејќи претходно во Суперкупот на Европа тие со истиот резултат го совладале и францускиот Париз Сен Жермен на Паркот на принцовите.
Матична статија: Дерби Јувентус-Милан.
Милан - Јувентус 1-6 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Првенство | Серија А 1996-1997 | ||||||
| |||||||
Датум | 6 април 1997 | ||||||
Стадион | Сан Сиро, Милано, Италија | ||||||
Судија | Стефано Браски | ||||||
Гледачи | 81.700 |
Милан одиграл една разочарувачка сезона во која накрајот завршиле како 11-ти во првенството, а претходно испаднале уште во групната фаза на Лигата на шампионите и во четвртфиналето на Купот на Италија. За разлика од нив Јувентус бил неприкосновен во Серија А и со скор од 17 победи, 14 нерешени и само 3 порази го освоил своето 24-то скудето во клупската историја. Покрај тоа, Јувентус ги освоил и Суперкупот на Европа и Интерконтиненталниот куп. Исто така Јувентус бил во финалето на Лигата на шампионите втора година по ред, но за разлика од претходната овојпат биле поразени од Борусија Дортмунд со 3-1.
Во првиот натпревар во Серија А за сезоната помеѓу овие два тима во есенскиот дел од првенството, Јувентус и Милан одиграле нерешено 0-0 во Торино.