ФК Милан
Италијански фудбалски клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Милан (италијански: Associazione Calcio Milan) или само Милан е италијански фудбалски клуб од Милано. Клубот бил основан во 1899 година од англискиот изработувач на тантели Херберт Килпин, Алфред Едвардс и четири други Англичани[1], и од тогаш најголем дел од историјата ја поминал играјќи во најсилната италијанска лига (само две години во серија Б во осумдесеттите).
Милан | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Associazione Calcio Milan S.p.A. | |||
Прекар | I Rossoneri (Црвено-црните) Il Diavolo (Ѓаволот) | |||
Основан | 13 декември 1899; пред 124 години (1899-12-13), како Milan Foot-Ball and Cricket Club | |||
Стадион | Сан Сиро | |||
Капацитет | 80,018 | |||
Сопственик | Elliot Advisors (UK) Ltd. (99.93%) | |||
Претседател | Паоло Скарони | |||
Менаџер | Стефано Пјоли | |||
Лига | Серија А | |||
2021-2022 | 1-во | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Милан има освоено вкупно 19 признати официјални меѓународни титули, и со Бока Јуниорс имаат најмногу на светот. Клубот ја има освоено седум пати Лигата на шампионите; само Реал Мадрид ја има освоено повеќе (10 пати)[2]. Што се однесува на италијанските натпреварувања, Милан го дели второто место со 19 титули заедно со Интер, по Јувентус кој има 36 титули[3]. Милан има освоено четири светски титули, повеќе од било кој клуб на светот. Има освоено Интерконтиненталниот куп трипати и Светското клупско првенство еднаш.
Меѓу другите важни титули освоени од Милан спаѓаат Европскиот супер куп рекордни пет пати, и Купот на победниците двапати; како и да е тие никогаш не стигнале до финалето во УЕФА купот (две полуфиналиња во 1972 и 2002). Ова е единствениот официјален трофеј што постои кој Милан сѐ уште не го освоил. Во Италија клубот ја освоил Копа Италија 5 пати, како и 6 пати Италијанскиот супер куп. Милан беше исто така и еден од основачите на Г-14 групата, група која ја содржеа осумнаесет најголеми и најпрестижни Европски клубови, пред да биде растурена.[4]
Милан своите натпревари ги игра на стадионот Сан Сиро, исто така познат како Џузепе Меаца. Стадионот, кој се дели со Интер, е најголемиот во италијаскиот фудбал и има капацитет од 80,018 седишта.