Развиен среден век
From Wikipedia, the free encyclopedia
Развиениот среден век бил периодот од 11, 12 и 13 век од европската историја. На Развиениот среден век му претходел Раниот среден век, а по него следувал доцниот среден век, кој завршил околу 1500 година.
Развиен среден век Европа и средоземјето | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Клучниот историски тренд на развиениот среден век бил наглото зголемување на населението во Европа, што донело големи социјални и политички промени од претходната епоха. До 1250 година, наглото зголемување на населението најмногу и користело на економијата, достигнувајќи бројка што дури до 19 век нема да се забележи во некои региони. Овој тренд запрел во доцниот среден век од серија непријатни настани, особено од Црната смрт но и многу војни и економска стагнација.
Од 1000 година па понатаму, во Западна Европа се случиле последните варварски напади и тој дел станал политички поорганизиран. Викинзите се населиле на Британските Острови, Франција и други места, а додека нордиските христијански кралства се развивале во нивните скандинавски татковини. Унгарците го запреле нивното проширување во 10 век и до 1000 година христијанско унгарско кралство било признато во Средна Европа. Големите навлегувања запреле, со исклучок на монголската инвазија.
Во 11 век, населението северно од Алпите почнало да населува нови земји, кои по крајот на Римското Царство изгледале како дивина. Тогаш започнало ”големото расчистување", со што многу шуми и мочуришта во Европа биле расчистени и култивирани. Во исто време голем број населби изникнаа надвор од границите на Франкското Царство, во Источна Европа, преку реката Елба, со што Германија тројно се зголеми. Сè уште моќната Католичка црква повикала војски од цела Европа и преку Крстоносни војни се борела против Турците Селџуци, кои ја окупирале Светата земја и со тоа основајќи ги крстоносните држави во Левантот. Други војни доведоа до колонизација на Балтикот, освојување на Пиринејскиот Полуостров од страна на христијанските кралства, норманската колонизација на јужна Италија, сето како дел од зголемувањето на населението и шемата за повторно населување.
Во Развиениот среден век произлегоа многу видови на интелектуални, духовни и уметнички дела. Во оваа епоха се развиле првите модерни национални држави во Западна Европа и започнал растот на големите италијански град-држави. Повторното откривање на делата на Аристотел го насочи Тома Аквински и другите мислители да ја развијат филозофијата на Схоластиката. Во архитектурата, најзначајните готски катедрали биле изградени или завршени во овој период.