Свето Римско Царство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Свето Римско Царство (СРЦ; германски: Heiliges Römisches Reich (HRR), латински: Imperium Romanum Sacrum (IRS), италијански: Sacro Romano Impero (SRI)) — германско царство кое постоело од 962 до 1806 во Средна Европа. Со него владеел царот на Светото Римско Царство. Неговиот карактер се сменил за време на средниот век и раниот нов век, кога моќта на царот постепено заслабнувала во корист на принцевите. Во своите последни векови, тоа било само унија од територии.
Свето Римско Царство на германскиот народ[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||
Imperium Romanum Sacrum Heiliges Römisches Reich Sacro Romano Impero | ||||||||||||||||||||||||||||||
Царство | ||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Териториите на Царството околу 1600 година, со денешните граници на државите. | ||||||||||||||||||||||||||||||
Главен град | Неодредено; Собрание на Светото Римско Царство сместено во Регенсбург од 1594 до 1806 г. | |||||||||||||||||||||||||||||
Јазици | латински, гемански, италијански, различни западногермански јазици, романски јазици и словенски јазици | |||||||||||||||||||||||||||||
Вероисповед | римокатолицизам; лутеранство (по 1555 г.) и калвинизам (по 1648 г.) | |||||||||||||||||||||||||||||
Уредување | Изборна монархија | |||||||||||||||||||||||||||||
Цар | ||||||||||||||||||||||||||||||
- | 962–973 | Отин I (прв) | ||||||||||||||||||||||||||||
- | 1792–1806 | Франц II (последен) | ||||||||||||||||||||||||||||
Законодавство | Собрание на Светото Римско Царство (Рајхстаг) | |||||||||||||||||||||||||||||
Историски период | Среден век Ран нов век | |||||||||||||||||||||||||||||
- | Отон I е крунисан за цар на Римјаните | 2 февруари 962 | ||||||||||||||||||||||||||||
- | Конрад II crown of Burgundy |
2 февруари 1033 година | ||||||||||||||||||||||||||||
- | Мирот од Аугсбург | 25 септември 1555 | ||||||||||||||||||||||||||||
- | Мирот од Вестфалија | 24 октомври 1648 | ||||||||||||||||||||||||||||
- | Франц II абдицира | 6 август 1806 | ||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Денес во | Германија Австрија Белгија Чешка Лихтенштајн | |||||||||||||||||||||||||||||
Територијата на царството била со средиште во Кралството Германија, а ги вклучувало и соседните територии и во својот врв ги вклучувало и Кралството Италија и Кралството Бургундија. Во најголемиот дел од својата историја, тоа се состоело од стотици мали под-делови, принципати, кнежевства, војводства, слободни царски градови и други.
Во 962 година Отон I бил прогласен за цар на Светото Римско Царство (германски: Römisch-Deutscher Kaiser, Римско-германски цар), иако титулата цар на Светото Римско Царство според традиционалните преданија претходно му била доделена на Карло Велики во 800 година. Отон бил првиот цар на државата кој не и припаѓал на династијата Каролинзи.[2] Последен цар на Светото Римско Царство бил Франц II, кој абдицирал и го растурил царството во 1806 за време на Наполеоновите војни.[3] По седницата во Келн во 1512 година, името било официјално сменето во Свето Римско Царство на германскиот народ (германски: Heiliges Römisches Reich Deutscher Nation, латински: Imperium Romanum Sacrum Nationis Germanicæ)..[4]
Териториите на Светото Римско Царство денес се дел од државите: Германија (без јужен Шлезвиг), Австрија (без Градиште), Чешка, Швајцарија и Лихтенштајн, Холандија, Белгија, Луксембург и Словенија (освен Прекмурје), делови од источна Франција (Артоа, Алзас, Франш Конте, Француска Фландрија, Савоја и Лорена), северна Италија (главно Ломбардија, Пиемонт, Емилија-Ромања, Тоскана, Тренто и јужен Тирол) и западна Полска (претежно Шлеска, Поморјето и Нојмарк).