Луксембург
From Wikipedia, the free encyclopedia
Големо Војводство Луксембург (луксембуршки: Groussherzogtum Lëtzebuerg, француски: Grand-Duché de Luxembourg, германски: Großherzogtum Luxemburg) — мала држава во Западна Европа. Се граничи со Белгија, Германија и Франција. Членка е на Бенелукс. Оваа држава е најмалата земја-членка во Европската Унија. Главен град е истоимениот град Луксембург.
Големо Војводство Луксембург
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Mir wëlle bleiwe wat mir sinn“ (луксембуршки) „Сакаме да останеме она што сме“ |
||||||
Химна: "Ons Heemecht" „Нашата татковина“ Кралска химна: De Wilhelmus 1 |
||||||
Главен град (и најголем) | Луксембург 49°36′N 6°7′E | |||||
Службен јазик | германски, француски, луксембуршки (де јуре од 1984 г.) | |||||
Демоним | Луксембуржани
(Луксембуржанец/Луксембуржанка) |
|||||
пристапила во ЕУ | 25 март 1957 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 2,586,4 км2 (175та) | ||||
• | Вода (%) | занемарливо | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 493,500[1] (-) | ||||
• | Попис 2001 | 439,539 | ||||
• | Густина | 186 жит/км2 (59та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $40.091 милијарди[2] (97ма) | ||||
• | По жител | $82,440[2] (2ра) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $54.973 милијарди[2] (65та) | ||||
• | По жител | $113,044[2] (1ва) | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.881[3] многу висок · 21ва |
|||||
Валута | Евро (€)2 (EUR ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .lu3 | |||||
Повик. бр. | 352 | |||||
1. | Не е иста со химната на Холандија Het Wilhelmus. | |||||
2. | Пред 1999: Луксембуршки франк. | |||||
3. | Исто така се користи доменот .eu, заедно со другите членки на ЕУ. |
Луксембург за првпат се појавува на географските карти во 963 година. Една од неговите најзначајни одлики е тријазичноста: денес во Големото Војводство Луксембург официјално се зборуваат три јазици: луксембуршкиот, генерално во секојдневна говорна употреба, француски и германски, кои главно се употребуваат во писмен облик за општење со луѓето кои не се од Луксембург, како јазици на културата, администрацијата и бизнисот.
Луксембург од крајот на 19 век станува земја на имигрант и поради големата потреба од работна рака која се бележи во рударската индустрија, Луксембург во последните децении бележи длабоки структурални и општествени промени кои направија оваа држава да стане вистински бизнис-центар на меѓународно ниво.
Единствената способност на културна интеграција која ја покажал луксембуршкиот народ била нашироко призната така што во 1995 година Градот Луксембург бил прогласен за европски град на културата.