Список на земјите по БДП (номинален)
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Статијава дава список на земјите во светот подредени по нивниот бруто-домашен производ (БДП) - пазарната вредност на сите конечни стоки и услуги на една земја за дадена година. Наведените проценети вредности се пресметани согласно пазарниот или официјалниот владин курс.
Неколку од наведените економии не се сметаат за земји (светот, ЕУ и некои зависни територии), но фигурираат на списоците бидејќи стојат во изворите. На овие економии не им се дава ранг, туку се наведуваат по потреба.
Тука претставените податоци не го земаат предвид трошокот на живеење во разни земји. Покрај тоа, резултатите знаат во голема мера да се разликуваат од година на година, зависно од колебањата на курсот на валутата на дадената земја. Ваквите колебања го менуваат рангот на земјата од една година на друга, но не претставуваат одраз на фактичкиот животен стандард на народот. Поради тоа, овие бројки треба да се користат внимателно и да се земаат предвид само онаму каде што има смисла.
Некои земји или региони имаат богато население, но може да се водат со мал БДП. Ова се должи на тоа што земјата или регионот има малубројно население, а оттаму и мала вкупна економија. БДП се пресметува со множење на бројот на населението со богатството по глава на жител.
Споредбите за богатството на земјите честопати се прават врз основа на паритетот на куповната моќ (ПКМ), при што бројките се прилагодуваат во однос на разликите во трошокот на живеење во разните земји. (погл. Список на земјите по БДП (ПКМ)) Употребата на ПКМ го отстранува проблемот со валутниот курс, но има и свои недостатоци: не ја одразува вредноста на економскиот удел во меѓународната трговија, и затоа бара повеќе проценување отколку номиналниот БДП. Сè на сè, бројките за ПКМ по глава на жител се потесно распределени отколку бројките за номиналниот БДП по глава на жител.
На првиот список се прикажани податоци од Статистичкото одделение на ООН за 2010 г. Вториот содржи податоци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2011 г.б1б5б6 На третиот стојат проценките на Светската банка (претежно за 2011 г.), а на четвртиот се проценките на Светската книга на факти на ЦИА (исто така претежно за 2001 г.)