Серија А
From Wikipedia, the free encyclopedia
Серија А, поради спонзорски договори позната и како Серија А ТИМ, е професионално лигашко натпреварување за фудбалските клубови, кој се наоѓаат во врвот на италијанскиот фудбалски лигашки систем, стар осумдесет години (се игра од 1929 година). Натпреварувањето било организирано од страна на Lega Calcio до 2010 година, а од сезоната 2010-2011 организацијата ја презела Legga Serie A.
Земја | Италија |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 1898 неслужбено 1929 во моменталниот формат |
Број на клубови | 20 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Серија Б (втора лига) |
Домашен куп | Куп на Италија |
Тековен првак | Јувентус (35-та титула) (2018–19) |
Најмногу титули | Јувентус (35) |
ТВ партнери | SKY Italia |
Мрежно место | legaseriea.it |
Трофеј | |
Серија А 2018-2019 |
Серија А се смета за една од најелитните лиги во светскиот фудбал. Историски гледано, од оваа лига доаѓаат најголемиот број на финалисти во Европскиот куп. Италијанските клубови имаат освоено вкупно 48 трофеи во разни натпреварувања организирани од УЕФА и по тоа се водечки во Европа. Милан со 17 титули е најуспешен од сите клубови, а Јувентус е на третото место на таа листа со 11 пехари. Исто така Јувентус е и досега единствениот клуб кој успеал да ги освои сите трофеи во организација на УЕФА и ФИФА, и е прогласен за втор најуспешен клуб за 20 век во Европа.
Од страна на УЕФА, Серија А е рангирана како четврта по квалитет меѓу европските фудбалски лиги, врз основа на настапите на нејзините клубови во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. И по најновата список на IFFHS[1] Серија А е на четврто место.
Серија А е единствената лига во рамките на Г-14 (здружение на најелитните клубови на светот), која имала три претставници; Јувентус, Милан и Интер. Исто така, таа е лигата која дала најмногу добитници на Златната топка.
Најуспешен клуб е актуелниот шампион Јувентус, кој има освоено 34 титули Првак на Италија (Прима Категорија, Прима Дивизионе и Серија А).