Серија А 2016-2017
From Wikipedia, the free encyclopedia
Серија А 2016-2017 била 115-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 85 сезона на Серија А. Сезоната започнала на 20 август 2016, а завршила на 28 мај 2017 година.
Серија А 2016-2017 | |
---|---|
Прваци | Јувентус (33. титула) |
Испаднале | |
Лига на шампиони | |
Лига Европа | |
Одиграни натпрвари | 380 |
Најдобар стелец | Един Џеко (29 гола)[1] |
Најголема победа дома | 7-1 Интер - Аталанта (12 март 2017)[2] |
Најголема победа во гости | 1-7 Болоња - Наполи (4 февруари 2017)[2] |
Натпревар со најмногу голови | 7-3 Лацио - Сампдорија (7 мај 2017)[2] |
Најголема серија на победи | 7 натпревари[2] Интер Јувентус |
Најголема серија без пораз | 16 натпревари[2] Јувентус |
Најголема серија без победа | 22 натпревари[2] Пескара |
Најголема серија на порази | 9 натпревари[2] Палермо |
Најголема посетеност | 78,328 Интер - Милан 2-2 (15 април 2017) |
Најмала посетеност | 510 Кротоне - Палермо 1-1 (18 септември 2016)[2] |
Вкупна посетеност | 7,365,671[2] |
Просечна посетеност | 22,047[2] |
← 2015–16 2017–18 → |
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2015-2016. Каљари, Кротоне и Палермо биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
На 21 мај 2017, Јувентус ја одбранил титулата на едно коло пред крајот после победата на домашен терен над Кротоне со 3-0. Во последното коло од сезоната Рома го одбранила второто место и избориле право да играат во Лигата на шампионите 2017-2018, додека третопласираниот Наполи се изборил за место во плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите 2017-2018.
Четвртопласираната Аталанта, петопласираниот Лацио и шестопласираниот Милан избориле место во Лигата на Европа 2017-2018.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Емполи, Палермо и Пескара.
Најдобар стрелец за сезоната бил Един Џеко од Рома со 29 постигнати гола.