Слободна Држава Риека
From Wikipedia, the free encyclopedia
45.3531° СГШ; 14.4429° ИГД / 45.3531; 14.4429
Слободна Држава Риека | ||||||
Stato libero di Fiume (италијански) Fiumei Szabad Állam (унгарски) Freistaat Fiume (германски) Slobodna Država Rijeka (хрватски) | ||||||
Град-држава | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Карта на Слободна Држава Риека (оригинална унгарска област во темно зелена боја) | ||||||
Главен град | Риека | |||||
Јазици | официјални италијански · унгарски · германски регионални венецијански · чакавски хрватски | |||||
Уредување | Република | |||||
Претседател | ||||||
- | 1921–22 | Рикардо Занела | ||||
- | 1922–23 | Џовани Џуријати | ||||
Воен гувернер | ||||||
- | 1923–24 | Гаетано Гирдино | ||||
Историски период | Меѓувоен период | |||||
- | Рапалски договор | 12 ноември 1920 | ||||
- | Воспоставена контрола | 30 декември 1920 | ||||
- | Државен удар | 3 март 1922 | ||||
- | анексирана од Кралство Италија | 22 февруари 1924 | ||||
Валута | Фиуменска круна (до 1920) Италијанска лира (по 1920) | |||||
Денес во | Хрватска | |||||
Слободна Држава Риека (италијански: Stato libero di Fiume) — независна слободна држава која постоела помеѓу 1920 и 1924 година. Нејзината територија од 28 км2 го сочинувала градот Фиме (денес Риека, Хрватска) и руралните области на север, со коридор на запад што го поврзува со Кралството Италија.
Фиме добил автономија за прв пат во 1719 година кога било прогласено за слободно пристаниште на Светото Римско Царство со декрет издаден од царот Карло VI. Во 1776 година, за време на владеењето на царицата Марија Тереза, градот бил префрлен подКралството Унгарија и во 1779 година добил статус на corpus separatum во рамките на тоа кралството. Градот накратко ја изгубил својата автономија во 1848 година откако бил окупиран од хрватскиот бан (вицекрал) Јосип Јелачиќ, но ја вратил во 1868 година кога повторно се приклучил на Кралството Унгарија, повторно како corpus separatum. Статусот на Фиме како ексклава на Унгарија значело дека, и покрај тоа што била без излез на море, кралството имало пристаниште. До 1924 година, Фиме постоел за практични цели како автономен ентитет со елементи на државност.
Во 19 век, градот бил населен претежно со Италијанци, а како малцинства со Хрвати и Унгарци и други етникуми. Националната припадност се менувала од попис во попис, бидејќи во тоа време „националноста“ се дефинирала главно според јазикот што го зборува лицето. Посебниот статус на градот, сместен меѓу различни држави, создал локален идентитет кај мнозинството од населението. Официјалните јазици во употреба биле италијанскиот, унгарскиот и германскиот; најголемиот дел од деловната кореспонденција се вршела на италијански, додека повеќето семејства зборувале на локален дијалект, спој на венецијански со неколку зборови на хрватски.[1] Во селата надвор од градот, се зборувало одреден вид хрватски чакавски дијалект со многу италијански и венецијански зборови.[2]