Суперлига на Србија во фудбал 2014/2015
From Wikipedia, the free encyclopedia
Суперлига на Србија во фудбал во сезоната 2014-2015 година — 9-то официјлно натпреварување организирано под тоа име од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија. Сезоната започнала на 9 август 2009 година а завршила на 24 мај 2010 година.
Јелен | |
---|---|
Спорт | Фудбал |
Држава | Србија |
Ранг | 1 |
Понизок ранг | Прва лига на Србија |
Број на екипи | 16 |
Почеток на сезоната | 9 август 2014 |
Крај на сезоната | 24 мај 2015 |
Шампион | Партизан |
◄ 2013/2014 | 2015/2016 ► |
Во сезоната 2013/14 од лигата испаднале Јавор од Ивањица и Слобода од Ужице, а во лигата се пласирале два клуба, и тоа: Борац од Чачак и Младост од Лучани.
Во оваа сезона се одиграл и бараж во кој третопласираната екипа од Прва лига на Србија се натпреварува со четиринаесетпласираниот од Суперлигата, за влез во најсилната лига. Тие екипи биле ФК Металац Горен Милановац со ФК Рад. Во првиот натпревар одигран на 1 јуни во Горен Милановац овие две екипи одиграле без голови. Вториот, реванш од баражот се одиграл на 4 јуни, но бил прекинат во 49. минута откако бил фрлен солзавец од трибините при резултат 1:0 за Рад. Натпреварот бил откажан и нов натпревар бил закажан за 12 јуни. Сепак, тимот од Горен Милановац одбил да се појави на него. Натпреварот бил регистриран со службен резултат (3:0) во корист на Рад, кој со тоа го задржал суперлигашкиот статус, додека Металац ќе се натпреварува во Прва лига на Србија со одземени три поени. Металац поднел жалба на оваа одлука и на сред сезона му биле вратени бодовите. Почетокот на новата сезона бил означен и со исклучувањето на Црвена ѕвезда од сите европски натпреварувања. На крајот од сезоната двете најлошо пласирани екипи ќе испаднат од лигата, а на нивното место во лигата ќе се пласираат двата клуба кои ја зазеле најдобрата позиција во Првата лига на Србија. Дополнително, ќе има и плеј-оф натпревар за опстанок/влез во Суперлигата, кој ќе се одигра помеѓу четиринаесеттопласираната екипа од Суперлига и третопласираната екипа од Првата лига на Србија.