Триумфална арка (Пјонгјанг)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Триумфалната арка (корејски: 개선문) е споменик во Пјонгјанг, Северна Кореја посветен на корејскиот отпор од 1925 до 1945 година против окупацијата од Јапонија. Тој е втората највисока триумфална арка во светот, веднаш по Споменикот на револуцијата во Мексико. Тој е на висина од 60 метри и широчина од 50 метри.
Кратки факти Триумфална арка 개선문, Координати ...
Триумфална арка 개선문 | |
---|---|
Координати | 39°2′40″N 125°45′10″E |
Место | Пјонгјанг, Северна Кореја |
Материјал | Бел гранит |
Висина | 60 метри |
Отворен | 15 април 1982 г. |
Посветен на | Отпорот на Ким Ил Сунг кон окупација од Јапонија |
Затвори
Споменикот е изграден во 1982 година. Посебно е посветено внимание на севернокорејскиот водач Ким Ил Сунг кој учествувал во отпорот.