Фудбал на Летните олимписки игри 2016 (мажи)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Машкиот фудбалски турнир на Летните олимписки игри 2016 — се одржал во Рио де Жанеиро, Бразил во периодот од 4 до 20 август 2016.[1].
Матична статија: Фудбал на Летните олимписки игри 2016.
Фудбал на Летните олимписки игри 2016 | |
---|---|
Податоци за првенството | |
Земја | Бразил |
Датум на одржување | 4–20 август |
Екипи | 16 (од 6 конфедерации) |
Стадиони | 7 (во 6 градови домаќини) |
Финални резултати | |
Шампион | Бразил (1-ви) |
Второ место | Германија |
Трето место | Нигерија |
Четврто место | Хондурас |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 32 |
Постигнати голови | 104 (3.25 по натпревар) |
Гледачи | 1.008.426 (31.513 по натпревар) |
Голгетер | Серж Гнабри Нилс Петерсен (по 6 гола) |
← 2012 2020 → |
Ова било 26-тото издание на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во машка конкуренција. На турнирот учество зеле вкупно 16 репрезентации. Освен градот-домаќин, фудбалски натпревари се одиграле и во пет други градови во земјата домаќин.[2] Финалето се одржало во Рио де Жанеиро на стадионот Маракана.
Секоја репрезентација имала право на максимално по 18 играчи, од кои 15 морало да бидат помлади од 23 години или родени по 1 јануари 1993 година.
Домаќинот, репрезентацијата на Бразил го освоила својот прв златен медал, совладувајќи ја Германија во финалето по изведување пенали.[3]
Нигерија го освоила бронзениот медал совладувајќи го Хондурас со 3-2.[4]