Изведување пенали (фудбал)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Изведување пенали претставува еден од трите методи одобрени од ИФАБ за утврдување на победник во фудбалски натпревар кој завршил нерешено.[1] Овој метод е застапен само за време на нокаут турнири, во кои едната од двете екипи нужно мора да преовлада над другата за да ја мине рундата.
Чинот на изведување на пенали се регулира различно од обичното изведување на пенал, што, наместо тоа, е дел од нормалниот тек на еден натпревар. Изведувањето пенали е регулирано под „Постапки за утврдување на победнички тим на натпревар“ од страна на фудбалските правила.[2]