Јакоб Бернули
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јакоб Бернули, познат и како Жак Бернули (27 декември 1654 – 16 август 1705), бил швајцарски математичар кој потекнува од истакнато семејство математичари. Тој бил познат по бројните придонеси во математичката анализа (калкулус) и заедно со својот брат Јохан Бернули биле едни од основачите на анализата на варијации. Неговиот најзначаен придонес е во областа на теоријата на веројатност, каде што ја дал првата верзија на законот за големи броеви во својот труд Ars Conjectandi.[1]