Џиро д’Италија 2021
104. издание на велосипедската трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиро д’Италија 2021 (позната и како Трка околу Италија 2021) — 104. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 8 и 30 мај 2021 година. На 26 мај 2019 година, организаторите на трката RCS Sport првично објавиле дека почетокот на Џиро 2021 ќе биде на Сицилија, Италија.[1][2][3] Меѓутоа, на 4 февруари 2021 година, RCS Sport објавиле дека трката наместо тоа ќе започне во Торино, додека остатокот на трката била објавена на 24 февруари 2021.[4][5]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 104. Џиро д’Италија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2021 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 8 – 30 мај | ||
Растојание | 3.410,9 км | ||
Држави | Италија Словенија Швајцарија | ||
Поаѓалиште | Торино | ||
Одредиште | Милано | ||
Екипи | 23 | ||
Возачи на почеток | 184 | ||
Возачи на крај | 143 | ||
Просечна брзина | 39,527 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Еган Бернал (Инеос Гренадиерс) | ||
Второпласиран | Дамијано Карузо (Бахреин Викториус) | ||
Третопласиран | Сајмон Јејтс (Тим БајкЕксчејнџ) | ||
Бодовен | Петер Саган (Бора-Хансгрое) | ||
Планински | Жофри Бушар (АГ2Р Ситроен Тим) | ||
Спринтерски | Дрис де Бонт (Алпесин-Феникс) | ||
Младински | Еган Бернал (Инеос Гренадиерс) | ||
Борбеност | Дрис де Бонт (Алпесин-Феникс) | ||
Breakaway | Симон Пело (Андрони Џокатоли-Сидермек) | ||
Екипен | Инеос Гренадиерс | ||
◀2020 | 2022▶ | ||
Документација |
Трката била освоена од Еган Бернал од Инеос Гренадиерс, кој го освоил првото Џиро и негова втора победа на голема трка. Станал втор Колумбиец кој освоил Џиро откако Наиро Кинтана го направил истото во 2014 година. Првпат ја презел розовата маичка кога ја освоил завршницата на чакал на Кампо Феличе на деветтата етапа. Продолжил да го зголемува своето водство во втората седмица, кулминирајќи со победа на скратената кралска етапа до Кортина д’Ампецо. И покрај потешкотиите во последната седмица, тој имал доволна предност за да ја потврди победата во Милано. Победил со разлика 1' 29" пред Дамијано Карузо од Тим Бахреин Викториус. Кога настапил на трката, Карузо првично требало да биде помошник на неговиот првобитен предводник на екипата, Микел Ланда. Откако Ланда паднал на петтата етапа, Карузо ја презел честа да биде предводник на екипата. Карузо продолжил да има високи пласмани на планинските етапи пред да ја освои последната планинска етапа до Алпе Мота. Последното место на подиумот го заокружил Сајмон Јејтс од Тим БајкЕксчејнџ, 4' 15" пред Бернал. Откако постојано губел време во првите две седмици, Јејтс имал добра форма во третата седмица, што довело да освои етапа на завршницата до Алпе ди Мера.
Во другите пласмани на трката, Петер Саган од Бора-Хансгрое го освоил бодовниот пласман. Првпат ја облекол маичката по победата во спринтот на десеттата етапа. Жофри Бушар од АГ2Р Ситроен Тим го освоил планинскиот пласман, откако освоил максимални бодови на првите искачувања на етапите. Како последица на освојувањето на розовата маичка, Бернал исто така го освоил и пласманот за млад возач, како најдобро пласиран возач под 25 години. Дрис де Бонт од Алпесин-Феникс ги освоил пласманот за среден спринт и борбениот пласман, додека Симон Пело од Андрони Џокатоли-Сидермек го освоил пласманот за бегства како возач кој имал најмногу поминати километри во бегство. Во екипниот пласман, Инеос Гренадиерс го освоиле пласманот Брза Екипа откако нивните тројца возачи имале најмало вкупно време, додека Тим Бахреин Викториус го освоиле пласманот „добра игра“ како една од трите екипи кои немале казни на целата трка. Тие го освоиле пласманот, бидејќи Карузо го имал второто место во генералниот пласман.